Субверзивниот потенцијал на “Силната партија”

И додека ние полека но сигурно ја живееме балканската ноќна мора на Бодријаровата хипер-реалност, каде целосната медумска контрола врз општеството и постојаното бомбардирање со лажни бројки (инвестиции, субвенции, драстично намалување на незапосленоста, зголемување на пензии, раст и ткн) се надополнува со национал-патриотска дизнификација на политичкиот дискурс (2014) и згора на се, последно, суреална боливудификација на  секојдневието,  граѓаните на Косово се соочуваат со различна, а сепак структурално слична проблематика. Безидејноста и корумпираноста на политичкиот мејнстрим, кој исто како и кај нас се  замаскирува со провиден популизам и тотална банализација на политичкото, каде обичниот граѓанин е целосно маргинализиран и немоќен за било каква политичка промена, доведе до појава на “Силната партија,” ‘најсериозната’ од ‘сериозните’ партии во Косово и регионот. На еден брилијантно саркастичен начин, Силната партија го деконструира политичкиот мејнстрим, и токму поради тоа прави расцеп во хегемонискиот политички дискурс со кој се соголува неговата провидност и корумпираност. На тој начин, преку исмејување на политичкото, Силната партија станува дел и коректив на истото. Навистина оригинален и брилијантен начин кој се надевам ке стане и регионален. Ако не можеме директно и политички да му се спротивставиме на очајниот Балкански мејнстрим тогаш може барем да го исмејуваме и со самото тоа да го предизвикаме. Во продолжение следи одличната анализа на Сеад Зимери за Силната партија и нејзиниот потенцијал. Преводот од Албански е на Денис Питарка. — Igor Jovanoski

 

Едно од најголемите достигнувања на косовската политика, после нејзиното осамостојување, е основањето на “Силната партија” (Партиа е Форте). Оваа партија, нејзиниот Претседател Висар Арифај, како и мноштвото потпретседатели, претставуваат најсериозен обид за „расчистување на сметките„ (settling of accounts) со актуелните политики. Од самото осамостојување, суштинска карактеристика на косовската политичка сцена е пропаста на секој еманципаторски проект, и „цветањето„ на партиите кои се што бараат е нормализирање, односно „акомодирање„ во веќе постоечкиот политички поредок. Своевремено, на Косово делуваше движење со лево ориентиран политички предзнак, движењето “Самоопределување,” меѓутоа оваа ориентација не беше долготрајна. Два фактори беа пресудни кои кои ја сменија природата на ова движење; прво, жедта за власт и желбата да се биде дел од корумпираниот парламентарен ‘commonwealth,’ и второ и поопасно, национализмот. Овие две тенденции кои многу лесно се комбинираат меѓу себе, го сменија правецот и природата на едно политички еманципирано движење. Состојбата, и онака тмурна, безнадежна, длабоко трагична, влезена во еден тунел без крај, остана, како и кај сите нејзини соседи, без ниту едно прогресивно движење кое би ги застапувало вистинските интереси на Косоварите.

Од оваа гледна точка го гледам и појавувањето на ‘Силната партија’ на политичката сцена. Ова е еден навистина политички настан, и тоа не само на Косово, туку и на целиот Балкан. Најголемата грешка на партиите од десницата е менувањето на долготрајните политики со краткотрајни, а национализмот е најдобар пример за да се илустрираат овие краткотрајни политики. На една мисла која се заснова на емпиризам не е тешко да и се даде до знаење дека на Балканот национализмот секогаш бил деструктивна сила, сила која угнетува, сила која никако не еманципира. Политиките на денигрирање и дискриминирање, фолклорните потценувачки изрази (имате предвид како ние Албанците сме ги третирале и се уште ги третираме Ромите, кога посакуваме да навредиме некого, нели го нарекуваме циганин?), кои следуваат кога на еден национализам не му се пружа можност да окупира туѓи територии, да ги крши правата на граѓаните на тие територии, се показател дека една таква политика лебди во воздух, стои на стаклени нозе кои можат да се скршат и да креираат експлозии со катастрофални последици. Ова се случува заради кратковидноста на секој вид националистичка политика.

‘Силната партија’ е навистина “вистинска” политичка партија која, иако можeби не дејствува преку начинот и методите на другите политички партии, ги дели истите цели својствени за еманципаторските политики. Силната партија е еманципaторска, се стреми кон еманципирање на народот во однос на идеологиите на доминатните политики кои денес дејствуваат на косовската политичка сцена. Во актуелната политичка коњуктура, улогата на Силната партија е двојна: од една страна Силната партија преку начинот на „повеќе од идентификување„ со хегемонискиот политички дискурс креира расцеп во самата идеологија која доминира на сцената, додека од другата страна, Силната партија преку овој расцеп во постоечкиот поредок создава простор за ширење на еманципаторски идеи. Истото може да се постави и на следниов начин: улогата на Силната партија е и негативна и позитивна. Од негативна гледна точка, партијата преку „повеќе од идентификување„ со доминантните идеологии, сакала или не, се ангажира „само„ во иманентната критика на постоечкиот поредок. Оваа критика е негативна бидејќи нејзината улога е примарна, во споредба со нејзините позитивни придонеси. Кога не би ја имала и оваа, да речеме негативна улога, Силната партија би била само една од многуте партии кои не ги интересира ни малку моралната и политичката автономија на земјата и на нејзините граѓани, туку се позиционира во етаблираната коњуктура на постоечкиот поредок, без да се заморува со создавање на реални политички алтернативи, без да ги продлабочува разликите во резултат, а уште помалку да се заинтересира со креирање простор за кршење на идеолошките табуа. Негативната страна е неопходниот чекор за создавање на условите за излез од тунелот во кој не имаат ставено другите политички партии, и кои непрекинато работат на тоа да граѓаните не ја прогледаат и препознаат реалноста таква какво што навистина е, туку истата да ја представат во нивната имагинација као едносмерен пат.

Во оваа политичка коњуктура продонесите од негативната улога на Силната партија се многу поважни од оние од позитивната улога, без разлика колку и да се овие големи. Причината е многу проста: без да се створат условите за создавање и за одржување на еманципаторски идеи, невозможно е имплементирањето на истите. Хегеловски кажано, самиот негативен продонес е веќе позитивен. Еманципаторските политики бараат плодно тло и специфични услови кој би го потпомогнале нивниот развој. Неопходен услов, иако недоволен, е ставањето на „тапет„ на противречностите и парадоксите на доминантните политики. Политичките и идеолошките табуи на системот кој доминира, тешко можат да се скршат преку регуларните форми, редовните методи на критика – бидејќи вака само се додава важност на надворешниот карактер на критиките. Независно дали станува збор за идеолошки или емпириски критики, доволно е да се карактеризираат како идеалистички во еден свет со многу противречности,  за да таквите критики се делегитимираат во очите на тие кои веќе се субјект на идеолошката хегемонија.

Илузија е да се надеваш дека нештата, тмурната ситуација, преку некое чудо, има да се сменат кон подобро, без да се направи еден расцеп во самиот систем на доминантната идеологија. Таму каде нормативната академска критика не успева, не зато што е неосована, туку затоа што и се прилепуваат идеални, недостижни цели, токму таму ‘упаѓа’ Силната партија, која потполно иманентно, од внатре, преку „повеќе од идентификување„ со постоечкиот поредок, создава неопходен расцеп за влез на еманципаторските политики, и создавајќи истовремено услови за влијание и на академската критика врз општеството. Начинот на „повеќе од идентификување„ со постоечкиот поредок, под овие услови на дејствување, е единствен начин да се направи некоја промена на постоечкиот поредок. Преку иронијата и сарказмот на Силната партија, излегува на површина абсурдот на политиките и на партиите кои раководат со тие политики.

Ова е мојот одговор кон многуте скептици кој мислат дека Силната партија не е сериозна, не е вистинска политичка партија, бидејќи, според нив, иронијата, неретко и постмодерна, може да забавува но не може да носи промени. Денес, забавни партии се тие кои се држат за сериозни, кои ефикасно ја креираат незаинтересираноста да се дојде до некоја суштинска промена, или уште повеќе, тие се таму токму за да не дозволат да се дојде до таа промена. Силната партија е сериозна партија, не поради тоа што нејзиниот сарказам и иронија не се забавни, туку поради тоа што преку ироничната забава и сарказмот, преку сериозниот третман на доминантините идеологии, ја кажува вистината за доминантиот систем и за политичките партии кој дејствуваат во самиот тој систем, вистина која без присуството и третманот на Силната партија би останала надвор од јавниот надзор.

Преку „повеќе од идентификување„ со актуелното, подржано со иронија и сарказам, Силната партија овозможува, за прв пат на ниво на политичка партија, надзор на ситуацијата од една перспектива каде промената станува не само возможна, туку и достижна. Невозможното станува можно. Разликата помеѓу Силната партија и сите останати партии на косовската политичка сцена е потполно формална, но и радикална. Тоа што ја разликува Силната партија од останатите, е токму нејзиниот пристап кон политиката: додека останатите партии со насериозна „сериозност„ се трудат да убедат дека се може да биде предмет на дискусија и промена, се освен начинот на политицирање кој би ги направил можни тие промени, Силната партија не прави чуствителни во однос на фактот колку НЕсериозни се другите партии и нивните политики. Нивната сериозност е маска која тие си ја наметнуваат како би го сокриле потсмевањето и мајтапењето со нас. Од друга страна иронијата и сарказмот на Силната партија ни овозможува да ги симнаме маските на сериозните партии. Ние сме свесни за нивното потсмевање и мајтапење со нас, но додека тие се кријат во мрак, ефектот останува непознат. Силната партија, преку користење на иронијата и сарказмот, им дава јавен облик на потсмевањето и мајтапењето со нас од страна на сериозните политички партии. На крај, невозможно е да прочиташ, слушнеш или да видиш интервју на Претседателот на Силната партија и да не го забележиш во него мајтапењето на сериозните партии, и истовремено начинот преку кој можеме да се дистанцираме и да го неутрализираме нивниот мајтап и потсмевање.

 

About albphilosopher

Sead Zimeri has studied Philosophy, Islamic Philosophy and Religion, International Politics and Psychoanalysis. He is currently the project coordinator of "Islam and the Liberal Society" at the Liberalt Laboratorium (LibLab) thin tank in Oslo, Norway. http://www.liblab.no
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s